Винарската визба „Тиквеш“ во првиот квартал од годинава оствари бруто-добивка од 97,6 милиони денари, што е повеќе за 6 отсто, односно за 5,7 милиони денари во однос на истиот период од минатата година, покажуваат неревидираните финансиски резултати на компанијата. Порастот на бруто-добивката е резултат на зголемените приходи од продажба и тоа за 10 отсто кај домашниот и за 6 отсто на странските пазари. „Тиквеш“ забележа зголемување и на добивката од редовното работење за 7,7 милиони денари во однос на истиот период лани, достигнувајќи вредност од 12,5 милиони денари.
Винарската визба „Тиквеш“ во првиот квартал од годинава оствари бруто-добивка од 97,6 милиони денари, што е повеќе за 6 отсто, односно за 5,7 милиони денари во однос на истиот период од минатата година, покажуваат неревидираните финансиски резултати на компанијата.
Порастот на бруто-добивката е резултат на зголемените приходи од продажба и тоа за 10 отсто кај домашниот и за 6 отсто на странските пазари. „Тиквеш“ забележа зголемување и на добивката од редовното работење за 7,7 милиони денари во однос на истиот период лани, достигнувајќи вредност од 12,5 милиони денари.
„Овие резултати ни овозможуваат да продолжиме со нашите планови за инвестиции во натамошна модернизација на процесите во винарницата и производството на врвни уникатни вина, како и на нивна промоција надвор од земјава, истовремено промовирајќи ја и Македонија како винска земја“, вели генералниот директор на „Тиквеш“, Игор Илиевски. Тој е оптимист дека успесите на компанијата ќе продолжат и во наредните квартали, доколку надворешните фактори, вклучувајќи ги и климатските услови за производство на грозје, овозможат реализација на плановите за зголемување на откупот од 20 отсто во однос на лани, што би значело зголемување на производството и пласман на врвни вина.